Бугарската служба за безбедност ми прави притисок да попуштам за Македонија, се пожали Ангел Димитров

Недозволиво е Бугарија да дозволи да се врши притисок врз нејзе, изјавил за БНТ, Ангел Димитров, копретседател на Бугарско-македонската комисија за историски прашања.

Според него, тој притисок сега доаѓа од внатре, од самата Бугарија.

„Никој не си дозволил директен притисок врз нашата Комисија, но последните 3-4 дена јас лично станав предмет на притисок од една многу сериозна институција во Бугарија со обвинение дека ги предавам интересите на државата“.

На прашањето која е таа инстутиција, Димитров одговорил: Тоа е ДАНС! 

„Продолжувам да се чудам, како темата за брз старт на преговорите на Република … Македонија со ЕУ стана централна тема, а не би требало да биде. Се измести тежиштето за тоа кој треба да биде активен. Наместо тоа да биде државата која е заинтересирана, активна страна е Бугарија.

Според него, целата идеја е дојдена од надвор, а ако е од внатре, од Бугарија, тогаш не е добро осмислена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде