Бугарија со протестна нота кон Македонија откако на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Амбасадата на Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради одлуката на царинските власти на граничниот премин Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, соопшти бугарската министерка за надворешни рабои Екатерина Захариева на својот профил на Фејсбук.

„Бугарските народни песни од браќата Миладинови беа транспортирани од бугарскиот граѓанин Виктор Стојанов, кој приложил договор за донација на цариниците на Деве Баир, со кој книгите треба да се обезбедат за нашиот културен центар. И покрај тоа што конзулот бил испратен на самото место од нашата амбасада во Скопје, царинските власти побарале претходната дозвола од Министерството за надворешни работи на РСМ да се усогласи со Министерството за култура на РСМ. Со оваа нота Амбасадата бара објаснување зошто е наметнато посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што не е регулирано никаде и е апсурд во 2021 во земја која тврди дека сака да се приклучи на ЕУ. Скандалозниот чин на властите во Република Северна Македонија ќе биде презентиран на Европската комисија и на амбасадите на земјите члекнки на ЕУ во Скопје“, најави Захариева.

Извор: Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде