Буфон поради бизарна причина доби суспензија и го пропушта дербито

Искусниот италијански голман Џиџи Буфон доби суспензија од еден натпревар, но и парична казна од 5.000 евра.

Причината е бизарна, бидејќи Буфон е казнет поради богохулење.

Тој е казнет поради богохулен израз на мечот со Парма, одигран уште на 19. декември минатата година. Буфон тогаш на недозволен начин му се обрати на својот тогашен соиграч Маноло Портанова, па заврши кај сојузниот обвинител.

Жалбата на Буфон не му ја прифатиле, па така Џиџи ќе го пропушти дербито на Торино следниот викенд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде