Бројот на починати расте, а на новозаразени значително намален

Министерството за здравство ја објави денешната ковид статистика, според која во последните 24 часа починале дури 30 лица, а од направени 1.682 тестирања регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19.

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 198 -Прилеп 32 -Куманово 30 -Охрид 29 -Велес 25-Кавадарци 24 -Штип 17 -Тетово 16 -Гевгелија 15 -Гостивар 13 -Струмица и Кочани по 9 -Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница по 5 -Пробиштип 3-Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци по 2 -Ресен, Дебар, Берово и Кратово по 1

Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Регистрирани се 700 оздравени пациенти од:

-Скопје 291 -Кавадарци 52 -Неготино 42 -Охрид 38-Велес 36 -Прилеп 35 -Куманово 26 -Крива Паланка 25 -Гостивар 23 -Гевгелија 18 -Битола 15 -Струга 14 -Струмица 13 -Кочани 11 -Богданци 10 -Тетово 8-Берово 7 -Штип, Радовиш и Демир Капија по 5 -Пробиштип и Валандово по 4 -Свети Николе и Кратово по 3 -Демир Хисар 2 -Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде