Бразилскиот сој предизвикува нови грижи – најбрзо се шири и е најотпорен на вакцини

Светот е загрижен поради ширење на новиот бразилски сој на короната. Во Бразил од последиците на Ковид починале над 340.000 луѓе. Само САД имаат поголема бројка на смртни случаи.

Експерите велат дека ова е само почеток, бидејки бразилската мутација се шири неверојатно брзо. Бразилските власти долго време ја игнорираа короната, но сега апелираат за брза вакцинација на населението. Сепак експерите предупредуваат дека оваа варијанта е поотпорна на постоечките вакцини. Тоа што ја карактеризира е што е многу лесно пренослива, и слично на јужноафриканскиот сој ги напаѓа и оние кои имаат развиени антитела. Случаи со мутацијата која доби кодното име П1 се регистрирани и во Велика Британија, Шведска и Белгија.

Но, ваквата опасност не ги спои лидерите на земјите на ЕУ, напротив тие веќе не ни организираат заеднички средби. Несогласувања имаат околу се, почнувајќи од вакцините, па се до рестриктивните мерки и вакциналниот пасош. И додека едните ги засилуваат рестрикциите, земјите кои живеат од туризимот прват планови за безбедно отварање на границите за летната сезона. Излезе со план со 4 точки отворање на границите, меѓу кои промоција на вакциналните сертификати.

За разлика од некои други земји во ЕУ, Грција бара и отворање на границите за третите земјите со цел да се рестартира туризмот. И во Србија се надеваат дека Атина ќе го одржи своето ветување за отворање на границите за вакцинираните туристи.

Во меѓувреме во земјите на ЕУ продолжуваат контраверзите со АстраЗенека. Германија објави дека се регистрирани 42 случаи на тромбоза по вакцинирање со британската вакцина, од кои осум со смртен исход. Од геманскиот институт ПЕИ аплеираат до сите оние кои по вакцинирање со британската вакцина ќе почувствуваат болки во стомакот, градите, отежнато дишење и отоци на нозете веднаш да побараат лекарска помош.

Во исто време Берлин најави дека ќе почнат преговори за набавка на Спутник вакцината, а Виена пак за производство на руксата вакцина, која се уште не е одобрена од ЕМА.

Извор: Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде