Борисов: Ќе предложам да испратиме 5.000 вакцини за Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека ќе предложи до Владата да испратат 5.000 вакцини за Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Бугарија идната недела ќе добие 200.000 вакцини, а според Борисов донацијата ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.

Борисов исто така додаде дека Бугарија во април месец ќе добие над милион вакцини.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде