Борисов до Русија: Престанете да не шпионирате

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ја повика Русија повеќе да не ја шпионира Бугарија.

„Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба.“- рече Борисов.

Потоа Борисов рекол дека „Бугарија има добро партнерство со Русија во повеќе области, но оваа активност на шпионажа мора да престане“.

Државното обвинителство во Бугарија соопшти дека криминалната група за шпионажа во корист на Русија била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломирал на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз.

Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде