Борче од Свети Николе го продава својот Мерцедес-Парите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели

Полека но сигурно се буди хуманоста кај македонскиот народ, еден од нив е и Борче Сарафинов од Свети Николе. Борче го има огласено своето возило марка Мерцедес, а парите од продажбата ќе бидат поделени во хуманитарни цели. Почетна цена на возилото е 2.000 евра, но се разбира кој ќе понуди повеќе ќе биде негово.

Во продолжение ви го прикажуваме огласот на Борче.

„Почитувани ХУМАНИ ЛУЃЕ! Ковидот носи смрт, губење на близок член на семејства, баснословни лечења на сиромашен народ кој едвај имаат за корка леб.Социјалните мрежи се преплавени со молби од срце ископани на луѓе кои молат за живот, дом, лекови, храна!

Сиромашниот народ да помага на сиромашниот! ОВА БОЛИ! Ама секогаш сиромашниот повеќе помага од богатите, доволно е да се прочита по социјалните мрежи и вестите! Страдаат стари и изнемоштени , сиромашни, а секоја смрт најмногу ги погодува децата.

Многу го губат родителот кој е столб во семејството, извор на љубов, среќа, утеха и верување во подобро утре! А човекот во мене не дава да биде рамнодушен. Може немам многу, ама срце не дава да останам рамнодушен. Ако сакаш да помогнеш начин има. Јас успеав да најдам еден, кој е чин на добрина од срце , но сакам да видам колку хумани ќе го поддржат мојот гест.

Имено, имам кола која сакам да ја продадам , а парите од продажбата да ги наменам на оние на кои им е најпотребно. Станува збор за следниов модел на возило: Mercedes benz E 270 na Bg таблички, 2003 година (Еuro – 3) , со мануелен менувач , редовно сервисирана и одржувана, не регистрирана(за повеќе информации во инбокс) .

ПОчетната цена за која се нуди возилото е 2000 евра, но сакам да биде во форма на хумана лицитација, а истата да биде продадена на оној кој ќе понуди најмногу. Собраните средства од оваа хумана лицитација ќе бидат поделени таму каде има најмногу потреба , а за истата ќе биде споделена и објава на кого е помогнато.

Искрено се надевам дека овој мој чин ќе разбуди голем број на хумани луѓе, со искрено верување дека можеме да помогнеме на што повеќе луѓе на кои сме им потребни. Ваше е да го разбудите ЧОВЕКОТ во ВАС, па оваа акција да вроди со голема помош.

Од срце голем НАКЛОН и БЛАГОДАРАМ кои во ова ќе препознаат чин на емпатија, љубов и желба да се помогне !

Извор: Шило Магазин

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде