Богојески: Шеф на Апасиев му е Орце Камчев, Мицкоски му пратил адвокат на Камчев

После Прочка повторно ни се појави бојкот, имавме бојкот на референдумот, со цел да се спаси Груевски. Сега треба да се спаси шефот на клисарот.

Според Богојески шеф на Апасиев му е Орце Камчев. И тој смета дека Апасиев е лидерот на бојкот на референдумот. Да, апсолутно сметам дека Камчев му е шеф на Апасиев, одговара Богојески на прашањето на Васко Ефтов.

Ако Катица Јанева не ја допираа Империја, можеа со вмровци да си правеа што сакаа, ќе ги мачкаа на лепче, тие и така беа договорени за да ги пуштат низ вода. Срцето на Империја беше Димитар Апасиев, вели Богојески.

Орце Камчев можел да обезбеди 10 најквалитетни адвокати, тоа значи дека тој ќе сакал да ја истера правдата со правници, но тој го наоѓа најнеписмениот правник за негова одбрана. Мицкоски му пратил адвокат на Камчев, и му гарантирал слобода, вели Богојески.

Најново интервју на Васко Ефтов во ЦЕНТАР погледнете го во продолжение:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде