„Без плата може да се издржи, поважно е да се донесе законот за државјанство“

„Вистина е дека на граѓаните им доста битна помошта околу пандемиските случувања, меѓутоа власта знае дека има категорија на граѓани кои воопшто не ја користат таа помош и ние како албанска опозиција ја прифаќаме одговорноста дека ќе ги блокираме сите предлог закони додека не се донесе закон за државјанство.

Имаме доста контакти со луѓе од бизнис фелата и луѓето целосно ни даваат поддршка, иако се во тешка економско-социјална состојба. Тие велат кратко: може да истраеме месец дена без плати. Но, затоа сакаат да дадат придонес за граѓаните кои вооопшто немаат државјанство“, изјави денеска Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на Алтернатива за Албанците и Алијанска на Албанците.

Според предложениот закон од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива, македонско државјанство би можело да добива со изјава од тројца сведоци. Таквиот предлог владејачкото мнозинство не го прифаќа, поради што албанската опозиција ги блокира другите предложени закони со поднесување стотици амандмани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде