Бетмен Велит: Добро, можно ли е да гласала два пати?

Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит на својот фејсбук профил објави фотографии за наводно гласање два пати од страна на секретарката на СДСМ Битола на денешните избори во СДСМ.

Илиевски вели дека луѓето кои му ги испратиле фотографиите тврдат дека секретарката денеска гласала на две локации.

Добро, можно ли е секретаркава денес два пати да гласала и плус да се сликала гордо? Луѓето кои ми ја пратија сликата велат дека еднаш гласала во УЗ Васко Карангелески, еднаш во ОО СДДМ Битола.

Јас не сакам да вервам дека е можно, ама еве, оставам можност во лудиот нордистан во кој Лукашенко/Ким Јонг Ун избори се нарекуваат врв на демократија, да се случило и ова”, напиша Илиевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде