Берлускони и Галијани „фрлиле око“ на Македонци: По Лука го сакаат и Трајковски?

Во неделата беше објавено дека Александар Трајковски е мета на Џенова, но изгледа дека клубот каде што во овој момент игра Горан Пандев не е единствен од Италија кој е заинтересиран за Трајковски.

Според последните информации од „Чизмата“ тандемот Берлускони – Галијани кој работи во Монца „фрлил око“ на Трајковски. Монца за лето веќе обезбеди еден македонски фудбалер, Лука Станковски од Работнички.

Играњето во Италија за Трајковски не е непознато затоа што веќе на „чизмата“ го носеше дресот на Палермо.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде