Беличанец: Никој нема право да го oмалoвaжувa Заев – тој го ypнa Груевизмот и воспостави граѓанска држава

Фејсбук статус на Тито Беличанец:

„Мицковски и многу други немаат основ да го ом аловажат историскиот државнички и партиски придонес на Зоран Заев!

Заев е веќе вграден во македонската државна историја. Го уpна груевизмот, ги воспостави темелите за граѓанска држава заснована на еднаквост на граѓаните без разлика на национална, верска и политичка припадност.

Со Преспанскиот договор ја надмина блокадата од Грција, привремената референца ФИРОМ ја замени со уставно име под кое е запишана во ООН, со што и македонскиот јазик стана меѓународно признат.

Земјата стана членка во НАТО, придонесе да се потпише Договорот за пријателство со Бугарија како основа за надминување на блокадата на Бугарија со што ги создаде сите предуслови за почеток на преговори за влез на земјата во ЕУ.

Со тоа ја детерминира насоката на земјата од која нема повраток.

А оставката е храбар чин на храбар човек меѓународно признат политичар кој тектонски ги здрма ЕУ и САД дека наспроти неговите исполнувања на договореното не го испорачаа ветеното.

Заев воспостави и пракса дека кога политичарот не ја добие очекуваната подршка од гласачите треба да поднесе оставка.
Накусо, Заев наспроти Бранко Црвенковски и Мицковски не го стави личниот интерес наспроти државните интереси.

Се уште е Премиер и лидер на СДСМ и е спемен да ја предаде власта и партиската лидерска фунција на следниот се надавам промислен и способен избран политичар/чека да продолжи да работи на зацртаната НАТО и ЕУ насока и тоа со обезбедено уште поголемо и постабилно мнозинство во Собранието.

Со што Мицковски, после три неуспешни избори за да дојде на влаcт го испраќа во историјата.

Заев е млад човек со зачуван политички и морален интегритет.

И верувам дека секогаш кога ќе и треба на земјата ќе биде прифатен од мнозинството граѓани и сопартијци“, напиша Беличанец на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде