Бејл: Вонземјанци постојат, но некој ги крие од нас

Фудбалерот на Тотенхем за официјалната страна на клубот рече дека постојат вонземјанци.

„Секако дека постојат теории на заговор, но постојат и снимки од НЛО. Ги објавуваше владата на САД. Дали се лажни? Не, сигурен сум дека постојат, јас лично имам видено неколку такви објекти. Исто така, знам дека постојат вонземјанци, но некој ги крие. Можно е тоа да го работат некои влади на големи земји, но постојат. Убеден сум во тоа.“ – рече Бејл.

Бејл моментално настапува за Тотенхем каде игра како позајмен играч од Реал Мадрид. Не е позната неговата судбина, но Реал не го посакува назад, а прашање е дали и Тотенхем има намера да го откупи неговиот договор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде