Барди: Уживаме кога сме во репрезентацијата, тешко се игра кога противникот се брани со 11 играчи

Заедно со селекторот Игор Ангеловски денес на прес-конференцијата пред натпреварот присуствуваше и Енис Барди.

Барди истакна дека утре од голема важност ќе биде да постигнеме брз гол.

“Клучно ќе биде да влеземе сериозно. Атмосферата секогаш е на највисоко ниво и тоа се гледа, уживаме секогаш кога сме во репрезентацијата. Секогаш е тешко кога една екипа се брани, тешко се наоѓа простор кога се бранат со 11 играчи, но верувам дека имаме квалитет да ги пробиеме. Многу важно и добро за нас ќе биде ако постигнеме брз гол“, истакна Барди.

Натпреварот е закажан за во утре во 20:45 часот.

Фото: ФФМ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде