Баерн ја сака ѕвездата на Јувентус, нуди трампа

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур.

Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби.

Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“.

Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка.

Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.

Наводно Салихамиџиќ веќе остварил контакт со Јувентус и започнал преговори со раководството на „старата дама“ со кого има одлични односи.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде