Арсовска насначи заменик-градоначалничка

Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.

Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде