Апел за помош: На малиот Василиј е потребна нашата помош, тој има проблеми со срцето, белите дробови и мозокот

Малиот Василиј се роди во 28мата и веднаш по раѓањето е однесен на неонатална интензивна нега каде е ставен во инкубатор на респираторна поддршка. Неговите бели дробови не биле воопшто развиени и поради тоа морал да биде ставен во вештачка кома и префрлен на респираторна машина која ќе дише за него.

Василиј има и проблем со срцето, односно диктусот на неговото срце не се затвора и доколку не ја прифати новата терапија ќе биде потребна хируршка интервенција на срцето.

„За среќа нашиот мал борец со голема желба за живот во само 3 дена ја прифати новата терапија и се избори и со оваа голема бит*а и неговото мало срценце оздраве што уште повеќе ни даде надеж на сите. Толку е мал а толку голем борец и јунак, во само 7 дена се избори со две големи би*ки во животот, но животот сега му даде уште една нова во која сите веруваме дека ќе успее да победи“, вели мајката Симона Анчева за порталот Скопје24.

Бидејќи процесот за негово лекување ќе трае долго, можеби повеќе и од 2 месеци, а транспортот во друга поевтина болница е живото загрозувачки за бебето, на семејството му е потребна финансиска помош со цел да го продолжат лекувањето на своето дете. Поради тоа доколку сте во можност донирајте на следната трансакциска сметка:

Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева.

Засега телефонски броеви за донации не е возможно да се отворат поради тоа што тој е многу мал и се чека изводот од матична книга на родените без кој не може да се сават во функција.

„Нашиот мал херој Василиј им е благодарен на сите што секојдневно веруваат во него и го поддржуваат неговото оздравување“, вели мама Симона.

Целиот текст прочитајте го тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде