Апел за помош: Цела година возеше патници од Ковид19, сега му е потребна нашата помош

Фејсбук статус на Божидар Божиновски:

ВАЖНО!

Почитувани хумани луѓе од цела Македонија, за жал ви се обраќам од името на една предобра и вредна жена која ете ја допре и тоа како тешко ја погоди оваа ситуација со корона вирус. Буквално цело семејство заболија од истиот. Од најмали до најголеми. 12 годишниот Филип во клининиката Козле после долго боледување сега е подобар, фала на Господ и е дома. Но, неговиот татко Гоце сеуште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата сеуште е многу лоша и се бори на респиратори. Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника. Еден ден ги чини 1700евра, а сега и со нова терапија која чини 500евра на ден семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација.
Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како шофер на Брза Помош во Прилеп. Тоа е човек кој со своите 43 години е и пожртвуван родител, но и човек кој си ја сака Македонија во сите нејзини убавини.
Ајде хумани луѓе да помогнеме сите да бидат и понатаму заедно и среќно семејство. Наредните денови ќе бидат отворени и телефонски линии за донации, но затоа што секој денар им е и тоа како значаен ви ја пишувам жиро сметката на Daniela Ilieska неговата сопруга каде секој добронамерен човек ќе може да донира во рамките на своите можности.

Ж- ска Стопанска Банка Скопје 200003328588457
Даниела Илеска Прилеп.

Гоце, Даниела, Филип и Сара ќе ви бидат од срце благодарни на вашата хуманост и човечност во борбата за нивниот татко и сопруг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде