Апасиев најавува закон за ограничување на профитот на приватните болници

„Министерот за задгробен живот – г. Венко Филипче, деновиве изјави дека „немало правен основ за да ги регулираат цените на приватните болници“!?, пишува Апасиев.

Но, членот 55 од Уставот на Република Македонија вели дека слободата на капиталистите да ги утврдуваат цените на добрата и услугите, може да биде ограничена од страна на државата во три ургентни случаи: (1) безбедносни; (2) еколошки; и (3) ЗДРАВСТВЕНИ!

Затоа, обзнануваме дека правниот тим на Левица работи на подготовка на ваков специјален закон и веќе следната недела нашите пратеници ќе го предложат во Собранието на РМ (по скратена постапка), за легално да ги ограничиме екстрапрофитите на приватните болници во време на пандемија.“ – напиша Апасиев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде