Апасиев: Бројките за пописот се договорија уште кога се договараше Владата!

Во вчерашното интервју во емисијата „Само вистина“, лидерот на Левица порача дека престојниот попис е фингиран попис кој ќе придонесе за кантонизација на Македонија со однапред договорени проценти.

„Немате компаративно искуство каде што имате врзан потпис, тоа е непознат феномен. Тоа значи дека на ДУИ ако не му се свиѓаат резултати, кои потенцирам се договорени, може да ги поништи. Од инсајдерски информации кажувам дека уште кога е договарана Владата се имаат договорено за бројот на албанското малцинство и држете ме за збор, тоа ќе биде околу 28%. Тоа е договорот. Иако во реалноста резидентно население е 18,4 проценти.

Ова е попис за депопулација на Македонците, ние стануваме Курди на Балканот. Ова е попис кој секој патриот мора да го бојкотира за да не помине, затоа што сите досегашни потписи беа бојкотирани од Албанците намерно. Сега е на ред да го бојкотираат Македонците. Гледајте што прават Груби и Османи, одат во Косово, одат во Албанија, тоа самото ви кажува. И тука немате албанска опозиција, буквално сите го гласаа законот, така што ова е смислено сценарио за кантонизација.“ – рече Апасиев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде