Ангеловски: Покажавме дека можеме да се носиме со поквалитетни репрезентации

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва беше поразена од Романија со 3:2 во фото финиш натпревар од првото коло во квалификациите за СП.

Селекторот Игор Ангеловски после натпреварот рече дека Македонија уште еднаш покажала дека може да се носи со поквалитетни репрезентации.

„Честитки за победата на Романија. За еден тренер е жално кога неговиот тим ќе создаде многу шанси за погодок, но на крајот и покрај таа доминација нема да освоите бод. Но, гостувавме против селекција од вториот шешир и ете покажавме дека можеме да се носиме со поквалитетни репрезентации.

Затоа не смееме тука да застанаме и мора рамноправно да продолжиме во битката за водечките позиции во групата во овој квалификациски циклус. На овој натпревар ако нешто очекувавме тоа беше да се подобри реализацијата, но за жал ете затаивме на тој план. Не паметам против една селекција од ваков ранг кога сме создале толку шанси, и мислам дека токму нереализацијата беше клучна што не дојдовме барем до бод.“ – рече Ангеловски по натпреварот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде