Ангеловски: Несторовски е ослободен за мечот со Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација донесе одлука за вчерашната прослава на голот на Илија Несторовски.

Ангеловски вчера порача дека ќе одлучи откако ќе види што се случило, а денес изјави дека Несторовски нема да биде во комбинација за натпреварот против Германија.

“Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија. Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде