Ане Лашкоска: Заев на настани оди со хеликоптер

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од Прилеп, на својот ФБ профил објави дека премиерот Зоран Заев на денешните настани патувал со хеликоптер.

„Вие навистина повеќе не знаете на каде терате! Денес во Прилеп пристигна, ни помалку, ни повеќе, со хеликоптер! Во градот во кој има најмногу смртни случаи како последица на Covid 19,во градот кој благодарение на вас е мртов град“, напиша Лашкоска.

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Прилеп и Битола каде ќе изврши увид на градежните активности на модуларната болница во Прилеп, како и изградба на детската градинка и официјално ќе ја пушти во употреба новата трансформаторска станица „Битола 2“ во Општина Новаци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде