Анализа: Колку од вакцинираните завршиле во болница по инфекција со Ковид-19?

Вакцинираните имаат 50 пати помали шанси да завршат со тешки ковид компликации во споредба со оние кои не се вакцинирани иако во болница речи си и да нема човек кој го поминал процесот на вакцинација покажува студијата на српското Министерство за здравство, пренесува Сител.

Според неа, во периодот од јануари до март близу 70% од заразените биле оние кои не се вакцинирале, а само 5% оние кои целосно го поминале процесот на имунизација.

Анализата вели дека оние кои примиле само една доза имаат седум пати помали шанси да завршат во болница.

Меѓу хоспитализираните имало само 0,06% граѓани кои ја примиле втората доза, што значи по две дози шансите да завршите во болница ви се повеќе од дваесет пати помали отколку ако не се вакцинирате.

Три недели по примање на втората доза само еден на 120.000 луѓе завршил во болница.

Извор: Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде