Ако Роналдо побара да замине Јувентус ќе го продаде за 25 милиони евра?

Aко веруваме на пишувањата на шпански „АС“ доколку Кристиано Роналдо побара да си замине, Јувентус ќе го продаде за 25 милиони евра.

Јувентус беше елиминиран од Порто во Лигата на шампионите, а во Серија А изгледа како да ја губат борбата за Скудетото со Интер. Поради лошата ситуација во клубот почна да се шпекулира и за можно заминување на Кристиано Роналдо.

Спортскиот директор Партичи изјави дека немаат намера да го продаваат Роналдо, но „АС“ пишува дека таа ситуација може да се промени ако Португалецот изрази желба да си замине.

Споменатиот медиум тврди дека во тој случај Јувентус за Роналдо ќе побара сума од 25 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде