Ако не ви работат Viber, Gmail и други андроид апликации, има едноставно решение

Од синоќа, многу корисници на Android телефони забележаа дека апликациите како Gmail, Viber или некои други не им работат.

Од Google соопштија дека знаат за проблемот и може да направите лесна и брза постапка за да ги отворите вашите апликации без никакви проблеми.

Сè што треба да направите е да отворите Settings->Apps и да го најдете Android Webview, апликацијата која го прави проблемот и треба да се ажурира.

Ако поради некоја причина не го гледате ажурирањето на Google Play Store, одете во Settings>Apps>Android Webview и потоа одберете uninstall updates.

извор: Кајгана

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде