Уште едно лице е уапсено во акцијата “Планина” на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава Сител од извори во истрагата.
Со тоа вкупната бројката на уапсени се искачи на 22.
Приведените се сомничат за трговија со дрога. Запленети се дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Но, засега не е позната за каков вид и колкава количина на дрога станува збор.
Уапсените се уште се на распит во четири Полициски станици во Скопје, а се очекува вечерва да бидат спроведени пред судија на претходна постапка.
Извор: Сител