Аца Лукас демантира дека бил хоспитализиран

Медиумите во соседството пренесоа информација дека Аца Лукас итно е примен во болница пред два дена поради болки во стомакот. Фолкерот за Курир.рс изјавил дека нема никакви болки и не бил во болница.

-Ха ха ха, веста е толку точна колку и дека сум умрел пред два дена. Поминаа седум дена, ќе си дадам помен, се шегувал Лукас и додал дека последен пат во болница бил кога примил ревакцина пред 15 дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде